Утрински Весник
Свет

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден

20260509113257 big 730x400 29.webp.webp

Израелската војска соопшти дека во изминатите 24 часа нападнала 85 цели што и припаѓаат на милицијата Хезболах во Либан, јави ДПА.

Нпааднати биле складишта за оружје, лансирни рампи и друга воена инфраструктура. Војската ги оправда своите акции како одговор на заканите против израелските цивили и војници во јужен Либан.


Уништен е и подземен објект во долината Бека, кој наводно го користел Хезболах за производство на оружје и нападнати биле борци на милицијата Хезболах во јужен Либан.

Израелската војска го обвини Хезболах за испукање на неколку ракети кон војниците во јужен Либан во изминатите денови. Немаше извештаи за повредени.

Можете да прочитате

Шведскиот парламент ги изгласа контроверзните закони за „добро владеење“ и „задолжително пријавување“

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7

Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив