Утрински Весник
Свет

Израел се заканува дека ќе му го направи на Техеран она што му го направи на Хамас во Појасот Газа

20250508100820 big 730x400 57.webp.webp

Израел ќе му го направи на Техеран она што „му го направи на Хамас во Појасот Газа“, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац. 

„Ги предупредувам иранските лидери кои ја финансираат, вооружуваат и експлоатираат терористичката организација Хути: оската на злото е срушена“, наведува Кац во соопштение, четири дена откако јеменските бунтовници Хути, сојузници на Иран, започнаа напад врз аеродромот во Тел Авив.


„Вие сте директно одговорни“, им порача Кац на иранските лидери.

Тој додаде дека Израел ќе му го направи на Техеран она што му го направи на либанското исламистичко движење Хезболах во Бејрут, на палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа и на сирискиот лидер Башар ал-Асад во Дамаск.

Како одговор на ракетниот напад на Хутите врз главниот меѓународен аеродром во Израел во неделата, израелската војска оваа недела изврши напади врз аеродромот во главниот град на Јемен, Сана, електраните во регионот и фабриките.

Хутите, заедно со Хамас и Хезболах, се дел од она што Техеран го претставува како „оска на отпорот“ кон Израел. Сепак, Иран негира дека им обезбедува воена помош.

Можете да прочитате

Повторно црн чад над Ватикан, папата сеуште не е избран

Хеликоптер со верници се урна во Индија, шест лица загинаа

Словачкиот премиер тврди дека имало обид за саботажа на неговото патување во Москва