Утрински Весник
Свет

Израел се соочува со можен недостиг на ракетни проектили за своите ПВО системи

20241015103132 Big 730x400 50.webp.webp

Во екот на војната во Појасот Газа и Либан и подготовките за можна ескалација на конфликтот со Иран, Израел се соочува со потенцијален недостиг на ракети пресретнувачи во неговиот систем за противвоздушна одбрана.

Повикувајќи се на експерти и поранешни воени функционери, американскиот весник „Фајненшл тајмс“ наведува дека „официјален Вашингтон и помага на еврејската држава да го реши тој проблем“, меѓутоа, поради недостигот на ракетна муниција, Израел би можел да се најде во ситуација да треба да одлучи кои цели сака да ги брани како приоритет, пренесе Тајмс оф Израел.

– Проблемите со муниција на Израел се сериозни.

Доколку Иран одговори на напад од Израел, а Хезболах исто така се приклучи во тој напад, израелската противвоздушна одбрана ќе биде преоптоварена, рече Дана Строл, поранешен функционер во американското Министерство за одбрана.

Боаз Леви, извршен директор на Israel Aerospace Industries, кој произведува ракетни проектили, рече дека некои од израелските производствени линии работат 24 часа на ден, седум дена во неделата.

Можете да прочитате

Терористички напад во Израел, еден мртов, неколкумина се ранети

Оксфорд: Европа треба да се подготви за постудена зима

Вештачката интелигенција ќе троши огромна количина струја – еве како „Гугл“ ќе го решава тоа