Утрински Весник
Свет

Израел потврди дека заменик командант на Хамас е убиен во израелски напад

R 17.webp.webp

Заменик воениот командант на „Хамас“ Марван Иса е убиен во израелски напад овој месец, изјави денеска портпаролот на израелската армија, потврдувајќи ги извештаите објавени претходно овој месец.

„Ги прегледавме сите разузнавачки информации“, рече контраадмиралот Даниел Хагари во телевизиска изјава. „Марван Иса беше елиминиран во напад што го изведовме пред околу две недели.

Засега нема коментар од Хамас.

Иса беше на врвот на листата на најбарани во Израел заедно со Мохамед Деиф, шефот на военото крило на Хамас и лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар.

Се верува дека тие го организирале нападот на групата на 7 октомври врз јужниот дел на Израел што ја предизвика војната во Газа.

Можете да прочитате

Хронологија: САД ја завршуваат воената присутност во Ирак по 23 години

Според истрага, повеќе од 270 свештеници во Масачусетс злоставувале деца со децении

Од судско депо на Фиџи исчезна кокаин во вредност од околу 14 милиони долари