Утрински Весник
Свет

Израел планира да воспостави привремена воена управа во Газа

Gaza 2.jpg

Израел размислува за формирање привремена воена управа во Газа по војната против Хамас, која би била одговорна и за хуманитарни прашања, пишува денеска весникот „Маарив“Во подоцнежна фаза се планира меѓународна коалиција на арапски земји, во која би биле Саудиска Арабија, Египет, Мароко, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, да го преземе управувањето со Газа, пренесе Бета.

Коалицијата би била дел од регионален договор за нормализација и ќе формира нова палестинска управа, составена од луѓе кои не се поврзани ниту со Хамас ниту со Фатах.

Во следната фаза, воената влада целосно би била заменета со палестинска. Планот предвидува уште една фаза, по стабилизацијата на Појасот Газа и формирањето нова влада. Во таа фаза, ќе се реформира Палестинската управа, која сега контролира делови од другата палестинска територија на окупираниот Западен Брег, со акцент на отстранување на поттикнувањето тероризам во образованиот систем и одвраќање од тероризмот кај палестинското население.

Доколку сите тие фази се успешно исполнети во рок од четири години, Израел би се согласил да признае демилитаризирана палестинска држава на територијата на палестинската управа.

Планот, наводно, бил создаден во соработка со бизнисмени, вклучително и блиски соработници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и бил претставен на американските власти.

Таа идеја се разгледува заедно со многу други можни планови за односите на Израел со Газа по војната. 

Можете да прочитате

Експлозија на гас во станбена зграда во Турција: Едно лице загина, 16 повредени

Орбан: Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина ако Трамп победи на изборите

УНЕСКО: 251 милион деца во светот не одат на училиште