Утрински Весник
Економија

Државата ќе ги помага граѓаните за набавка на инвертери – еве колку може да добие едно семејство

D0b5d0b2d0b5 D0bad0b0d0bad0be D0bad0bbd0b8d0bcd0b0d182d0b0 D0b4d0b0 D0b2d0b8 D180d0b0d0b1d0bed182d0b8 D0bfd0be D186d0b5d0bb D0b4d0b5d0bd 63cd9584bfe13.jpeg

Министерството за економија годинава ќе доделува финансиска поддршка преку доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди на електрична енергија, согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, кои ги донесе Владата.

 Огласите за таа намена, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата, ќе бидат објавени утре на веб-страницата на Министерството за економија и во печатените медиуми „Коха“ и „Слободен печат“.

Ќе важи условот „прв дојден – прв услужен“. Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето, со можност за продолжување од 15 дена, во случај на недоволен број пристигнати барања.

Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди.

Едно домаќинство може да поднесе барање само за една од програмите или за Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија или, пак, за Програмата за поттикнување за енергетска ефикасност.

Согласно предвидените средства за овие две програми од вкупно 255 милиони денари или 4,1 милиони евра, со целосно нивно искористување, како што рече Бектеши, е предвидено да се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди. -Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30. 000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35. 000 денари, ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45. 000 денари ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ, рече Бектеши.

 Тој прецизира дека вкупните средства за реализација на оваа програма се во износ од 45 милиони денари или 73 илјади евра буџетски средства.

 -Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион – Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион – Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа, посочи Бектеши.

За оваа намена, додаде, се предвидени вкупно 100 милиони денари или 1,62 милиони евра.  -Ваучер во износ од 23. 000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, за што се предвидени вкупно 110 милиони денари или 1,78 милиони евра, рече Бектеши.

За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди – печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот.

Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето.

 -Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење.

За да аплицираат за овие два огласи граѓаните ќе треба да пополнат барање кое што ќе може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија, појасни Бектеши.

 Во исто време, додаде, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за пријавување на интерес на компании кои вршат трговија со висококвалитетни инвертер – клима уреди со дефинирани услови кои ќе треба да ги исполнуваат, со кои потоа ќе биде склучен договор.

 -Листата на трговци преку кои ќе може да се набавуваат инвертер – клими со ваучери ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за економија, прецизира Бектеши

Можете да прочитате

Извештај на ЕК: Висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика

Дурмиши не бил во маркет да ги види цените, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата работи на мерки и проекти