Утрински Весник
Свет

Израел го приведе екипажот на хуманитарен брод, меѓу нив и пратенички од Франција

20250727144257 big 730x400 54.webp.webp

Хуманитарниот брод „Хандала“, кој беше пресретнат од израелската војска, пристигна во пристаништето Ашдод на југот на Израел, јави француската телевизија BFM.

Членовите на екипажот, меѓу кои и две пратенички од француската партија „Непокорена Франција“, се приведени од израелските власти. Невладината организација „Адалaх“ соопшти дека испратила адвокати во пристаништето.


Пратеничката Ема Фуро на платформата Икс напиша дека израелски војници го презеле бродот на околу 115 километри од брегот на Појасот Газа, во меѓународни води.

Израелското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека сите патници се безбедни и дека бил спречен „обид за нелегално навлегување во поморската зона на Газа“.

Израел денеска најави и хуманитарна пауза во борбите, а првите камиони со помош влегоа од Египет во опколената Газа.

Можете да прочитате

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп