Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита

20250727155621 big 730x400 56.webp.webp

Денеска е активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

„Денеска го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита да видиме дали може некоја од државите да ни понуди помош, затоа што засега имаме најава и доколку таа е неопходна пред се побарување помош во воздухоплови, бидејќи сили на земја се уште имаме доволно, но и тие се исцрпени бидејќи ова трае секојдневно“, порача Ангелов.


Ангелов истакна дека до 13:30 часот денеска се регистрирани вкупно 16 пожари низ државата – осум се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати.

Најсериозен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде постои ризик од доближување до населени места.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч