
По извештајот од Либан дека Израел начелно одобрил нов предлог за заложници и прекин на огнот, висок израелски функционер изјави дека договорот е одбиен.
– Предлогот што го доби Израел не може да биде прифатен од ниту една одговорна влада, изјавил функционерот, без да даде дополнителни детали, јави Тајмс од Израел.
Либанска новинска агенција поврзана со Хезболах утрово јави дека Израел начелно се согласил со нацрт-предлог кој вклучува прекин на огнот од околу 70 дена, за време на кој 10 заложници, пет живи и пет починати, би биле ослободени во две фази, менувајќи го таканаречениот „Виткоф план“, кој предвидуваше пократок прекин на огнот за ослободување на околу 10 живи заложници.
– Од страна на Хамас нема вистинска волја да склучи договор. Израел останува посветен на рамката на Виткоф, изјави израелскиот функционер.
Според извештајот на Ал-Мајадин, најновите дискусии, со кои посредувал пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и палестинско-американскиот бизнисмен Бишара Бахбах, завршија рано утрово. Не е наведено каде се одржале тие разговори, ниту кој учествувал во нив.