Утрински Весник
Свет

Израел го бомбардираше Либан, најмалку шестмина загинати

Napad Liban 1.jpg

Шест лица загинаа во израелски воздушен напад врз Кфар Дунин во јужен Либан синоќа, објави либанската државна новинска агенција (NNA).

„Непријателски авиони синоќа удриле куќа во Кфар Дунин, при што загинале шест, а седум лица биле ранети, кои биле префрлени во болници во Тир“, напиша агенцијата.

Во меѓувреме, израелската армија нареди евакуација на жителите на малото гратче Сохмор во долината Бека на истокот од земјата преку социјалните мрежи поради очекуваното бомбардирање.

И покрај прекинот на огнот што е во сила од 17 април, Израел продолжи да гранатира неколку региони во Либан, а проиранската милиција Хезболах продолжува да ја презема одговорноста за нападите врз израелски цели.

Хезболах на 2 март започна војна против Израел со балистички ракети за да се одмазди за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од израелско-американската офанзива врз Техеран. Израел одговори со масовни воздушни напади и копнена инвазија на југот од земјата.

Според либанското Министерство за здравство, од почетокот на војната во Либан, во израелските напади се убиени 2.869 лица, вклучувајќи десетици убиени откако стапи на сила прекинот на огнот.

Понатамошни разговори меѓу Либан и Израел се очекуваат во четврток и петок во Вашингтон.

Можете да прочитате

Шведскиот парламент ги изгласа контроверзните закони за „добро владеење“ и „задолжително пријавување“

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7

Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив