Утрински Весник
Свет

Израел ги предупреди Словенија, Шпанија, Малта и Ирска да не ја признаат Палестина

Kac.jpg

– Израел денеска оцени дека планот на четири европски земји да работат во насока на признавање на палестинската држава е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали изгледите за решение на израелско-палестинскиот конфликт со договор.

Шпанија во петокот објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа.

„Признавањето на палестинската држава по масакрот на 7 октомври испраќа порака до Хамас и другите палестински терористички организации дека крвожедните терористички напади против Израелците ќе бидат одговорени со политички гестови кон Палестинците“, објави шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, на платформата X.

„Решавањето на конфликтот ќе биде можно само преку директни преговори меѓу двете страни.

Секој ангажман за признавање на палестинската држава само го одложува постигнувањето решение и ја зголемува регионалната нестабилност“, додаде тој. Меѓутоа, тој не наведе какво решение има на ум.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење