Утрински Весник
Македонија

Димитриеска Кочоска: Со Платформа 1198 се обврзуваме на економска трансформација на Македонија

Gordana Dimitrieska Kochoska 2.jpg

ВМРО-ДПМНЕ преку Платформата 1198 се обврзуваме на економска трансформација на Македонија. Време е економијата да ја стабилизираме зошто претходната влада ја остава во пропаст. Време е да ги спроведеме нашите заложби и политики за да почне економијата да генерира раст и развој, порача на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска,  потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, и продолжи: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на раст на БДП од 5%. Тоа ќе се спроведе преку задржување на ниски даноци и даночни поволности за фирмите и граѓаните, преку поддршка на земјоделството, извозот, малите микро и средните претпријатија, производствените капацитети, но и стартап компаниите. Ќе донесеме 10 годишна стратегија за привлекување на странски директни инвестиции. Нашиот модел на раст базира на поттик на домашните инвестиции на приватниот сектор и на силни јавни инвестиции во продуктивни цели, во транспортна и енергетска инфраструктура, во образование, здравство и подобра животна околина. Планираме 3 милијарди евра за капитални инвестиции во еден мандат, од кои 250 милиони евра годишно само за регионален развој, за општините. Но, една држава не може да постигне висок и одржлив економски раст ако не работи на трите основни фактори на производство: трудот односно работната сила, капиталот т.е. инвестициите и технолошкиот развој и иновациите, како и на зголемување на нивната продуктивност. Впрочем, тоа се главните фактори коишто ги препознаваат и компаниите. Затоа, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи интензивно на создавање на услови за зголемување на конкурентноста на домашните и странските компании во Република Македонија, за поголем обем на инвестиции за забрзан технолошки развој. Кои се тие проблеми, за кои идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има решенија содржани во Програмата:

1.    Недостаток на квалификувана работна сила. Решение: со сите сили ќе настојуваме да го вратиме оптимизмот во државата со цел да ги задржиме работниците во земјата, а за подобрување на квалитетот на нивните знаења и вештини преку мерките на пазар на труд и реформи во образованието, дуално и СТЕМ образование и финасиска писменост, ќе ја подигнеме продуктивноста на трудот.

2.    Невладеење на правото и неефикасниот судски систем. Решение: ќе спроведеме вистинска длабока реформа во судството, а институциите ќе работат исклучиво според законите во интерес на граѓаните и бизнисот;

3.    Корупцијата. Решение: имаме силна политичка волја за силен фронт против корупцијата. Стоп засекогаш;

4.    Правната несигурност и честото менување на законите. Решение: ќе одржуваме предвидливо даночно и регулаторно опкружување, со ниски даночни стапки и намалување на парафискалните давачки за компаниите;

5.    Бирократијата и спората акција од страна на јавната администрација. Решение: регулаторна гилотина и смарт Македонија т.е. дигитализиран јавен сектор/јавни услуги и професионализација на јавната администрација;

6.    Сивата економија. Решение: силна и посветена борба преку даночна, трудова политика, Царина, УЈП и подигање на колективната свест;

7.    Енергетската несигурност и растот на трошоците за енергија. Решение: енергетска сигурност преку зголемување на домашното производство;

8.    Проблеми во инфраструктурата. Решение: значајни капитални инвестиции за подобрување на транспортната инфраструктура.

Политиките за развој ќе допринесат и за ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0% – 2,5% годишно. Не може Македонија да има 50% повисока инфлација од Еврозоната. Потребни се одлучни политики, а ние знаеме како да ги направиме.

Работењето со јавните финансии и финансиската дисциплина се клучни за економски раст, но и за влевање на сигурност кај инвеститорите, како странските, така и домашните. Оттука се обврзуваме на намалување на буџетски дефицит на ниво под 3,0% од БДП. Управувањето со буџетот ќе биде домаќинско и одговорно. Ќе имаме силна борба против сивата економија.

Сите овие предлог мерки, кои се само сублимат на над 1.000 мерки ќе влијаат и ќе овозможат намалување на невработеноста до 7,5%. Имено планираме генерирање на нови 55 илјади работни места. Следува економска трансформација на Македонија. Време е за раст, развој и просперитет. Да го намалиме иселувањето, што помалку млади да размислуваат да ја напуштат државата, туку да ја гледаат иднината тука. Време е да ја вратиме државата на народот.

Можете да прочитате

Со Итна помош пренесен на клиника припадник на „Тигар“ по повреда во касарната „Илинден“

Уапсен возачот кој управуваше возило во спротивен правец во Скопје

Уапсен прилепчанец за лихварство, позајмил 7.500 а назад барал 12.500 денари