Утрински Весник
Свет

Израел: Ќе окупираме големи делови од Газа и ќе извршиме масовна евакуација на Палестинците

Gaza Izrael.jpg
Dik 300x250 mk

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелската армија ќе ги прошири операциите во Појасот Газа и ќе заземе големи области на палестинската територија.

Како што посочи, целта на проширената операција е „да се уништи и исчисти областа од терористи и терористичка инфраструктура“. Галант додаде дека окупираните области ќе бидат вклучени во израелските безбедносни зони.


Тој исто така рече дека тоа ќе бара масовна евакуација на Палестинците и го повика населението да го елиминира Хамас и да ги врати израелските заложници. Тоа, според Галант, е единствениот начин да се стави крај на војната.

Според извештаите, израелските копнени сили во текот на ноќта започнале операција во градот Рафах.

Изјавата на Галант доаѓа една недела откако тој објави дека војската наскоро ќе оперира „со полна сила“ во дополнителни делови на Газа.

Израел ја обнови својата офанзива врз Газа на 18 март, обвинувајќи го Хамас дека го отфрлил новиот американски предлог за продолжување на примирјето и ослободување на преостанатите 59 заложници кои се уште се држат во Газа.

Од друга страна, Хамас го обвини Израел дека го прекршил првичниот договор постигнат во јануари.

Хуманитарната ситуација во Газа драматично се влоши во последните неколку недели, а Израел не дозволи хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа од 2 март – најдолгата блокада за помош од почетокот на војната.

ОН минатиот месец објавија дека ги намалуваат своите операции во Газа, еден ден откако израелските сили убиле осум палестински медицински лица, шест членови на цивилната одбрана и еден работник на ОН во јужниот дел на појасот.

Израелската војска започна кампања за уништување на Хамас по нападот без преседан на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1 200 луѓе, а 251 лице беа земени како заложници.

Министерството за здравство со кое раководи Хамас тврди дека оттогаш во Газа се убиени повеќе од 50 399 луѓе

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил