Утрински Весник
Македонија

До сабота (5 април) релативно топло со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Meteoalarm.mk 23.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

До сабота (5 април) во Македонија ќе се задржи релативно топло и без некои поголеми температури разлики во однос на овие кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.


Во попладневните часови ќе има локален развој на грмотевични облаци од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер, и тоа во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста процесите да бидат  и во форма на краткотрајно невреме со појава на град.

И во Скопскиот регион до сабота (5 април) ќе се задржи релативно топло и променливо облачно време. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни

Од денеска отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица

Велигденско послание на г.г. Стефан: Трагедијата во Кочани не сплоти во тага и во молитви за настраданите