Утрински Весник
Спорт

Изненадување од „Камп ноу“: Барселона се вклучува во трката за Хари Кејн

Изненадување од „Камп ноу“: Барселона се вклучува во трката за Хари Кејн

Каталонскиот гигант Барселона се вклучува во трката за ангажман на капитенот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн. Тој е цел на неколку големи европски клубови, а најзаинтересиран е Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

Сепак, Барселона не планира да наддава за Хари Кејн ова лето. Планот на „Камп Ноу“ е да почекаат до завршувањето на претстојната сезона.

Каталонците нема да влезат во конкуренција со европските клубови кои во моментот се во многу подобра финансиска состојба. Стратегијата е да го доведат Хари Кејн следното лето, кога ќе му истече договорот со Тотенхем и тој би можел да замине во Шпанија како слободен играч.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина