Утрински Весник
Македонија

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Sud gostivar.jpg

На 26.06.2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама”. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра и копија од лична карта.

Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупна сума од 1.200 евра, но бидејќи ветената возачка дозвола не му била дадена, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: На Фестивалот „Игор Маџиров”, на мал и скромен простор, секоја година се случуваат театарски чуда

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Во Собранието опозициски пратенички прашања