Утрински Весник
Култура

Изложба во Загреб на проектот „Ризом-Х“ на Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева

Изложба во Загреб на проектот „Ризом-Х“ на Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева

Во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб на 14-ти ноември (понеделник) со почеток од 19 часот, ќе биде изложен мултимедијалниот проект „Ризом-X“. Креатори на проектот се авторките Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева во соработка со аудио дизајнерот Горан Москов.

dobivaj vesti na viber

РИЗОМ-X е мултимедијален проект кој низ специјално аудио-визулени својства ја истражува човековата адаптација низ даденост на реалитети. Авторите ја анализираат интранзитивноста на сликата која може, но не секогаш создава режим на визуелна естетска артикулцаија. Аудио-визуелните елементи на „Ризом-X“ поттикнуваат моторичка активност кај спектаторот која структурализира симулативна состојба на реален елемент преку дијалектички принцип.

Ризом-X во себствениот модел е мултимедијално решение кое има за цел да ја поврзе човековата состојба и промената на менталната мапа која овозможува наметнување на технотрибализам како примарен хабитус. Низ имагинарни форми и целости, Ризом-X набљудува симуларкум на трансхумано обликување кое станува својство на логична социо-економска функционалност.

Проектот интегрира уметничко видео, звучна и просторна инсталација, графика и комбинирана техника на светлечки интервенции.

Вероника Камчевска (02.02.1987) е видео авторка и истражувач на мултимедијални форми и модели. Како авторка се појавува во мултимедијалниот проект Ризом-X, (2022г). Ко-креаторка е на e-платформата „Covidmembrance“ (2021г), која во својата структура интегрира дигитално-визуелни форми, квантитативно-квалитативни вредности на видео арт, дигитален цртеж и дигитална писменост. Соработничка е во делот на видео арт интервенција на мултимедијалниот проект „Капсид i20“ (2020, 2021г), Мала Станица, НГМ, Скопје. Во 2021 година учествува на мултимедијалниот фестивал „ALC video art“ во Музејот на современа уметност, MaCA, Аликанте Шпанија. Соработничка е на мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“, изложен во Gallery MC, Њу Јорк, 2018 година, САД.

Ана Димчевска Семенпеева (18.02.1986) е мултимедијална авторка со интердесциплиниран визуелен израз во графика и скулптура. Нејзиниот уметнички интерес го истражува поврзувањето на ликовниот израз во различни медиумски форми. Вработена е во НУ Музеј на РС Македонија како конзерватор за метал. До сега има реализирано самостојни ликовни проекти и учествувано во домашни и странски групни ликовни изложби и колонии.

Горан Москов (14.02.1985г) е аудио дизајнер кој работи на арт инсталации, експериментални и документарни филмови. Автор и соработник е на мултимедијалниот проект „Ризом-X“, (2022г). Kако главен аудио дизајнер и композитор на оригинална музика работи на мултимедијалната платформа „Covidmembrance“, (2021г). Создава звучен дизајн за мултимедијалниот проект „Капсид i20“, реализиран 2020/21 година во Мала Станица, НГМ.

Во 2019-та година создава оригинална музика за документарниот филм „Медула“. Креира звучна поддршка за уметничкото видео „C/11“, дел од мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“, ( 2018г) прикажан во Gallery MC, Њу Јорк.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“