Утрински Весник
Македонија

Изложба на воздухоплови, возила и опрема кои се дел од вежбата „Брз одговор 23“ на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово

Изложба на воздухоплови, возила и опрема кои се дел од вежбата „Брз одговор 23“ на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово

На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово, денеска од 11:00 до 14:00 часот, ќе се одржи изложба и презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“).

dobivaj vesti na viber

Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воздухопловите, воените возила и опремата кои се користат од страна на Армиите на Соединетите Американски Држави и на Република Северна Македонија.

На приказот граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“, транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV”, Хермелин и „HMMWV“.

Покрај презентацијата, присутните, преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите.

Презентацијата е во организација на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка.

Вежбата „Immediate Response 23“ која ќе отпочне од 22.мај ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија, оваа година со учество на Армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно околу 1850 учесници.

Можете да прочитате

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Штетите од пожарите милионски, последиците врз здравјето, природата и иднината непроценливи