В среда, со почеток во 19:30 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на слики – „Карпино 2022“.
Се работи за реномирана меѓународна ликовна колонија и нејзиното јубилејно издание во организација на Мултимедијалниот центар – Карпино, Општина Куманово и секако во традиционалната соработка со Центарот за култура.
Јубилејната 20 – сета Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2022“ се одржа на локацијата „Етно село Тимчевски“ – Куманово во периодот од 17.8. – до 23.8.2022 год. На колонијата учествуваа 13 уметници од Србија, Америка и Македонија, коишто реализираа околу 25 дела.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 17 ноември.