Утрински Весник
Култура

Излезе од печат најновата поетска книга на Борче Панов – „Анатомија на небото“

Излезе од печат најновата поетска книга на Борче Панов – „Анатомија на небото“
Ss2

Излезе од печат најновата поетска книга од познатиот македонски поет Борче Панов. „Анатомија на небото“ е седумнаесетта поетска книга на писателот Борче Панов. Книгата е поддржана од страна на Министерството за култура како авторско издание.

dobivaj vesti na viber

„Книгата соджи 9 циклуси со седумдесетина песни во кои поетот Борче Панов во својот препознатлив и специфичен стил со секој збор се бори за уште еден здив повеќе, за уште едeн зрак сонце повеќе во ова време на сеопшта закана за постоењето. Практично, целата книга е еден вид модерна актуализација на старите парадокси за божествената и човечка димензија на човековото постоење, така што, ако во Гилгамеш конфликтот со двете третини бог и едната третина човек е конфликт во кој човекот го влече божественото кон смртта, сега таа пропорција е уште повеќе влошена, односно сега само една третина во човекот е божествена, а две третини се земни и човечки. Од друга страна, божествената димензија станала антипод на самата себеси и сега прстот на тој антибог во нас секој миг виси над црвеното копче за сеопшта нуклеарна апокалипса. Маестрално, со исклучиелна поетска експресија и оригиналност, поетот Борче Панов нè бомбардира со жестоки опомени од ужасите на нашите современи војни, егзодусите, глобалната трагедија и Дамокловиот меч на себеуништувањето. За Панов, нема миг во оваа песна во која нема осуда на војната и на човековите несреќи предизвикани од нас самите, но веднаш по опомените, следуваат и лирските пасажи со неизмерна љубов, со која овој поет нè охрабрува повторно да човекуваме“, нагласува рецензентот на книгата, проф.д-р Даниела Андоновска-Трајковска.

Ss1

Борче Панов е роден на 27 септември 1961 година во Радовиш, Република Северна Македонија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година. Во два мандата бил член на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија. Има објавено и поетски книги на други јазици: „Честички од хематит“ (2016 – на македонски и на бугарски јазик, објавена во Бугарија), „Вдах“ (2017 – на словенечки, објавена во Словенија), „Бричење балон“ (2018 – српски, објавена во Србија), „Фотостихеза“ 2019 – бугарски, објавена во Бугарија), „Крв што жонглира со 8,000 поетски мисли“ (2021 година на хрватски, објавена во Хрватска), „Подземно јаболко“ на арапски јазик, објавена во Обединетите Арапски Емирати во 2021 година од издавачката куќа „Равашен“ и „Подземно јаболко“ на англиски јазик (превод Даниела Андоновска-Трајковска) и објавена во Холандија од „Демер прес“ во 2021 година, „Гласови од глуварчето“ (коавтор) објавено во Индија (2021 година ). Неговата поезија е објавена во голем број антологии, литературни списанија и списанија дома и во странство, а неговите дела се преведени на 400-ина јазици.

Борче Панов е автор и на седум драми. Претседател е на меѓународната поетска маниефстација – Караманови средби. Составувач е на антологијата на Карамановите средби – „Петто календарско време во 2020 мг“. Како и на повеќе зборници и панорами на поезија. Добитник е на неколку книжевни награди.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“