Утрински Весник
Македонија

Изгоре возило и на чувар во „Идризово“ – за шест месеци петмина вработени заплашени

Изгоре возило и на чувар во „Идризово“ – за шест месеци петмина вработени заплашени

Ноќеска по полноќ е запален „мерцедес“, сопственост на чувар од затворот „Идризово“. Ова е петто возило во шест месеци кое изгоре под чудни околности. Неофицијално, сомнежите се дека како и во сите претходно, така и во овој автомобил, е пожарот е подметнат. Истрагата оди во насока дека нарачките за палење на автомобилите доаѓаат од затвореници.

dobivaj vesti na viber

„Мерцедесот“ бил паркиран во дворот на чуварот. Пожарот се случил два часа по полноќ во скопско Ново Село. Чуварот вработен во „Идризово“ го забележал пожарот и реагирал брзо.

„Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Палењето на автомобилите доведе до акција во полуотворениот дел на „Идризово“ со асистенција на специјалци. Двајца затвореници, кои според Управата имаат проблематично донесување, биле преместени во затворениот дел.

Меѓу последните случаи, беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!