Утрински Весник
Македонија

Изет Меџити: Оние кои помогнаа за бегството на Груевски и сега за неговото враќање, ќе сносат одговорност

Изет Меџити: Оние кои помогнаа за бегството на Груевски и сега за неговото враќање, ќе сносат одговорност

„Во однос на последната промена на Кривичниот законик, кој што беше реализирана во најбрз можен рок што претставува рекорд во историјата на РСМ, тајно, кoј исто така експресно и беше потпишан од претседателот на државата, претставува директен атак кон правната држава, претставува сериозен удар за основните вредности на уставниот систем на РСМ, како што е поделбата на властите, каде што се “крши” границата помеѓу политиката и судската власт“. Ова го изјави лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити по одржувањето на Основачкиот совет на ДД во Тетово.

dobivaj vesti na viber

Меџити рече дека едноставно ова е една многу лоша порака за правдата во нашата држава, затоа што полошо поминува еден граѓанин кој што нелегално сечел дрвја и лежи 3 години затвор поради тоа, отколку еден политичар кој што направил милионски па и милијардски злоупотреби на државниот буџет.

„Пратениците на Демократското Движење, јас, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи воопшто не бевме дел од процедурата за промените во Кривичниот законик“, изјави Меџити.

Според него не држи образложението на некои структури дека не ги потпишале промените на законот, туку се потпишани од заменик министерот, ова е манипулација со јавноста и нема да можат да и избегаат на одговорноста.

„Тие биле дел од овој процес кој што е штетен, и преку правниот сектор во нашето Движење елабориравме каква импликација имаат промените кон предметите во кои како обвинет се јавува Никола Груевски, и следствено со овие промени на него му остануваат само два предмети, што полека му даваaт можност да се врати во РСМ како политички херој, но сите оние кои помогнаа за неговото бегство и сега неговото враќање, ќе излезе во јавноста вистината и ќе сносат одговорност пред компетентните институции и органи”, рече Меџити.

Тој додаде дека таканаречениот европски фронт многу повеќе личи на сицилиски фронт, кој што е длабоко инволвиран во казино бизнисот и на брзите кредити кои претставуваат легализирање на лихварството.

Можете да прочитате

Награда за млади квантитативни умови – „Славица Тодоровска”

Петровска за протераните руски дипломати: Работеле спротивно на дипломатските правила, сакале да се вмешаат во национални интереси

Петровска и словенечкиот министер за одбрана Шарец го потпишаа новиот Договор за одбранбена соработка