Утрински Весник
Свет

Иванка Трамп се повлекува од политичкиот живот, нема да биде со својот татко за време на кампањата

Иванка Трамп се повлекува од политичкиот живот, нема да биде со својот татко за време на кампањата

Иванка Трамп одлучи да се повлече од американската политика и активно да не се приклучува кон обидите на нејзиниот татко да ја врати Белата куќа во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Решив да им дадам приоритет на моите мали деца и приватниот живот што го создаваме како семејство“, рече Иванка.

Во вторникот Доналд Трамп ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година.

Неговото семејство, вклучително и неговата сопруга Меланија и синот Ерик, беа присутни во неговиот замок Мар-а-Лаго на Флорида. Присутен беше дури и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, но Иванка не беше.

“Многу го сакам татко ми. Сепак, овој пат го избирам семејството. Не планирам да се занимавам со политика. Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена. Благодарна сум што ја имав честа да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам горда на многуте достигнувања на нашата администрација“, рече Иванка.

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг играа клучни улоги во администрацијата на Трамп и беа на удар на јавноста поради многу од нивните ексцеси, делумно поради нивниот претходен живот како дел од елитната социјална сцена на Менхетен, која во голема мера е демократска.

Откако Доналд Трамп загуби од Џо Бајден во 2020 година, Иванка Трамп и нејзиното семејство се преселиле во скапа палата на Флорид,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина