Утрински Весник
Македонија

Иван Николов еден од повредените пренесени во Полска: Примав инхалации, кислород и инфузии, засега сум подобар (ВИДЕО)

Screenshot 20250326 163900 Instagram.jpg

Иван Нисов е еден од повредените со стравичниот пожар во Кочани кој беше пренесен на лекување во Полска. Тој преку видео повик се огласи и проговори со дел од тимот на Support Kocani, при што ја извести јавноста за тоа каква е неговата состојба.

Иван вели веќе бил подобар, засега состојбата му е смирена, а претходно имал проблеми со дишењето. Од она што му го кажале тамошните лекари, внатрешно бил веќе прочистен, но се уште примал инхалации, кислород, инфузии, и лекови преку неа.


Тој се надева дека наскоро ќе биде отпуштен од болницата таму и ќе може да се врати дома во Македонија.

Целото видео можете да го погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, но забавата не беше прекината

Со тесла ограбил маркет и украл 52.900 денари – уапсен при нов обид