Утрински Весник
Македонија

Италија воведе ново кривично дело „фемицид“ – казната е доживотен затвор

Italijanska Policija.jpg

Италијанскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се воведува ново кривично дело во Кривичниот законик: фемицид, казниво со доживотен затвор.

Новиот член 577-бис предвидува дека секој што ќе убие жена од омраза, дискриминација, контрола или затоа што е жена ќе биде казнет со доживотен затвор, објавува „Раи Уно“.


Во законот се наведува дека фемицидот се смета за извршен и кога мотивот е „одбивањето на жената да започне или продолжи емотивна врска и обидот да ги ограничи нејзините лични слободи“.

Законот предвидува укинување на рокот од 45 дена за прислушување во случаи на најтешки форми на насилство врз жените, што, како што е наведено во образложението на предложениот закон, ќе ја олесни работата на судските органи во истрагата и докажувањето на овие кривични дела. Законот мора да биде одобрен од Долниот дом на италијанскиот парламент, по што мора да биде потпишан од претседателот на Републиката.

Можете да прочитате

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци – власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство