Утрински Весник
Свет

Италија: Јадранското Море станува тропски топло со температури од околу 30 степени

20240805091142 Big 730x400 58.webp.webp

Јадранското Море, на италијанска страна, годинава во јули достигна рекордна температура од 30 степени, а во некои делови и повеќе, што доведе до исчезнување на одредени видови риби, како и до цутење на морето.

Според „Гардијан“, топлината на морето и слабите струи придонеле за широко распространета пролиферација, особено во северните и централните области на Јадранот, на муцилагин, или слуз, густа, лигава бело-жолта супстанца формирана од различни микроалги кои се акумулираат на морското дно.

Оваа слуз е релативно уникатна за Јадранот на италијанската страна и има тенденција да се акумулира повеќе кога морето не добива доволно хранливи материи од реката По, која се влева во Јадранот на север, додека повеќето видови риби можат да избегаат од слузот, тоа може да ги задуши школките, кои исто така се загрозени, како и сините ракови кои успеваат во потоплиот Јадран, особено во северните делови. Италијанските рибари велат дека вакво нешто досега не се случило.

– Зборуваме за 30 степени дури и на отворено море. Јадранот станува тропски. Почнуваме да гледаме видови риби кои претходно ги немало овде, како што е сабјарка, додека разни видови бели риби се речиси изумрени. Нема сомнеж дека се случуваат климатски промени, вели еден од рибарите.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници