Утрински Весник
Свет

Италија ја тужи Австрија: насилство и политичка ароганција

Италија ја тужи Австрија: насилство и политичка ароганција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанската влада ќе ја тужи Австрија пред судот на ЕУ за блокирање на преминот Бренер на границата на двете земји, изјави италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека чинот на Австрија претставува „чин на насилство и политичка ароганција“, објави „Еурактив“.

Салвини ја осуди Австрија за блокирање на патувањето на италијанските превозници преку австриска територија и што неодамна најави гранични контроли на границата со Италија за да се спречи преминувањето на илегални мигранти, кои во последните недели во сè поголем број пристигнуваат на италијанските брегови.

По четири години недејствување на Европската комисија (ЕК), Италија одлучи официјално да ја активира процедурата со која на една земја членка на ЕУ ѝ се дава право да поведе тужба пред Европскиот суд на правдата против земјите членки за кршење на правото на Унијата, рече Салвини, истакнувајќи дека ЕК требало да ја поведе оваа постапка.

Салвини истакна дека Италија во овој момент верува во правдата на Европскиот суд.

Тој потсети дека Австрија воведе рестрикции наводно од еколошки причини, но тврди дека заштитата на животната средина воопшто не е во прашање, туку нелојалната австриска конкуренција кон италијанските и германските претприемачи и превозници и кон целиот европски континент.

Преминот Бренер, според написите, е еден од главните крстосници меѓу јужна и северна Европа, а австриското блокирање на границата беше критикувано и од соседна Германија, која исто така беше казнета за ограничувањата воведени во транспортот.

Можете да прочитате

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд

Путин е подготвен да разговара со Макрон, соопшти Москва