Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Истрага во словенечка болница: Жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек

Истрага во словенечка болница: Жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек
Img 7972

Во Општата болница во Целје, Словенија бил сменет идентитетот на двајца постари пациенти, од кои едниот починал, а другиот останал жив.

dobivaj vesti na viber

Словенечката полиција покренала истрага, а раководството на болницата понудило оставка поради инцидентот.

Според информациите, болницата го прогласила преживеаниот за мртов и го известила семејството, кое го погребало починатиот пред да биде откриена грешката во болницата.

Грешката била откриена дури кога преживеаниот пациент бил вратен во домот за стари лица.

Како што јави словенечката телевизија N1, двајца постари пациенти биле донесени со исто возило на Брза помош од ист дом за стари лица и со себе немале нараквици за идентификација, па информациите ги презеле од екипата на Брзата помош.

Во оваа прилика се огласи министерот за здравство, Бешич Лоредан, кој рече дека ова е прв ваков случај во Словенија и додаде дека очигледно имало замена на идентитетите.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот