Утрински Весник
Свет

Историски момент за човештвото: Кина успеа во она што никој не се осмелуваше – стапна на далечната страна на Месечината

Mesecina Kinesko Letalo.jpg

Кина напиша историја откако денес објави дека нејзиното беспилотно летало успешно слетало на спротивната, односно далечната страна на Месечината – неистражено место на кое речиси никој не се ни обидуваше да оди.

Кинеската сонда „Chang’e-6“ слета денеска на подалечната страна на Месечината, каде што ќе собира примероци за првпат во историјата на човештвото, објави Кинеската Национална вселенска агенција (CNSA).

Сондата полета на Месечината на 3 мај, а слета денеска во 6:23 часот по локално време во Пекинг, пренесе Ксинхуа. Таа ќе се обиде да собере лунарен материјал и да спроведе други експерименти во зоната на слетување. Таа би можела да извади некои од најстарите карпи на Месечината од џиновскиот кратер кој се наоѓа на нејзиниот Јужен пол.
Се очекува лендерот да потроши до три дена собирајќи материјали од површината во операција за која CNSA рече дека ќе вклучи „многу инженерски иновации, високи ризици и големи тешкотии“.

Кина веќе испрати сонда на далечната страна на Месечината во 2019 година, но не донесе никаков примерок.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена