Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Историчарите од Македонија и Бугарија не се договорија за средновековието, нема детали за заедничко чествување на Гоце Делчев

Историчарите од Македонија и Бугарија не се договорија за средновековието, нема детали за заедничко чествување на Гоце Делчев
Dik 300x250 mk

Разговорите за средновековната историја ќе продолжат на наредната средба во октомври.

dobivaj vesti na viber

Мешовитата историска комисија која се состана вчера и денес не постигна договор по ова прашање, ниту за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

„Вчера и денес Комисијата за историски и образовни прашања ја одржа својата 20 седница. Врз основа на претходно утврден дневен ред членовите на Комисијата разговараа за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година“, соопшти МНР.

Можете да прочитате

Сообраќајка на патот Страцин-Кратово, возилата се движат наизменично по една лента

Одобрено и второто обвинение за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Во кумановската касарна со воена свеченост одбележан 17 Октомври, ден на Командата за операции