Утрински Весник
Магазин

Истанбул е најпосетуваниот град во светот

Ако ве прашаме кое е најпосетуваното место на светот, би рекле Париз, Барселона, Њујорк, Бангкок…

Сепак, вашиот одговор би бил погрешен, бидејќи Истанбул во Турција ја презеде круната за најмногу посетители во светот.

Според податоците на компанијата за истражување на пазарот Euromonitor International, во текот на 2023 година оваа метропола била домаќин на 20,2 милиони посетители.

Не е изненадување што Истанбул го зазема првото место, со оглед на неговата архитектура, фасцинантна историја, плус неверојатни деликатеси и чај.

Ли Добсон, основач на туристичката страница Travel City, рече дека Истанбул е магнет за патниците од Велика Британија и туристите ширум светот, благодарение на неговата богата култура, историја и географија што го прави уникатно фасцинантен.

„Сместен на два континента, Европа и Азија, Истанбул нуди неспоредлив спој на источните и западните традиции, видливи во неговата архитектура, традиции и секојдневниот живот.

По Истанбул, на листата на најпосетувани, се наоѓа Лондон, кој го зазеде второто место, потоа Дубаи на трето и уште една турска дестинација – Анталија на четврто место, пренесува Метро.

Список на најпосетуваните градови во светот:

Истанбул

Лондон

Дубаи

Анталија

Париз

Хонг Конг

Бангкок

Њујорк

Канкун

Мекa

Можете да прочитате

Газираните сокови придонесуваат за ќелавост кај мажите

Едноставен тест дома со кој ќе откриете дали ви се затнати крвните садови

Зошто треба да пиете чај од хибискус наместо зелен?