Утрински Весник
Економија

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите

Denari Pari.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера соопшти дека од централниот Буџет е префрлена третата транша од унгарскиот кредит наменет за компаниите, денеска Развојната банка информираше дека веќе се исплатени средствата.

Средствата во износ од 41,3 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти на домашните компании. Со овие средства поддржани се девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата.


Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45 проценти во градежи, 47 проценти во опрема, 2 проценти во обновливи извори на енергија и 6 проценти инвестиции во транспортни средства, информираат од Развојната банка.

Со оваа транша, исплатени се вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 470 проекти на домашните компании.

Според министерката за финании Гордана Димитриеска-Кочоска, средства што ќе се инјектираат во стопанството се значаен инпут врз економскиот раст и ќе бидат екор кон остварување на проекцијата од 3,7 проценти.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра