Утрински Весник
Македонија

Испитувањето на повредените од пожарот во „Пулс“ веројатно ќе почне на почетокот на мај

Puls.webp.webp

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај.

Од Обвинителството појаснија дека во зависност од здравствената состојба на повредените, a според однапред утврден распоред, навремено ќе ги известат за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување. Во моментот се прибавуваат и сите контактни и адреси за оштетените од пожарот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката.


Се додава дека обвинителскиот тим кој постапува во предметот интензивно презема итни дејствија кои не трпат одлагање. Се вршат сослушувања и координација на вештачењата неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.

МВР денеска поднесе Кривична пријава до ОЈО ГОКК за двајца инспектори и командир на Полициската станица Кочани за злоупотреби во врска со дискотеката „Пулс“ .

Можете да прочитате

Ги запоставила децата и дозволила малолетната ќерка да има полови односи, обвинувања кон мајка од поранешниот партнер

Пожар во близина на селото Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Фон дер Лајен: Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик