Утрински Весник
Спорт

Ирвинг дебитираше за Далас, Лилард со трипл-дабл им пресуди на Вориорс

Ирвинг дебитираше за Далас, Лилард со трипл-дабл им пресуди на Вориорс

Кајри Иргинг со победа дебитираше во дресот на Далас Маверикс. Без Лука Дончиќ, Маверикс предводени од Ирвинг ги победија Клиперс во Лос Анџелес со 110:104.

dobivaj vesti na viber

Првата четвртина го одреди понатамошниот тек од овој натпревар. Овој период Далас го доби со 41:25.

Ирвинг за 37 минути на теренот постигна 24 поени, на кои придодаде четири скока и пет асистенции.

На крајот од мечот, Ирвинг му го подари својот дрес на боксерскиот шампион Флојд Мејведер, кој воодушевено ги следеше случувањата на теренот.

Во дербито на Источната конференција, Бостон како домаќин ја совлада Филаделфија со 106:99. Селтикс скапо ја платија победата, бидејќи се повреди Џејлен Браун и тоа по судирот со соиграчот Џејсон Тејтум.

Вајт со 19, Грифин и Вилијамс со 15 поени беа најефикасни кај Селтикси, додека Тејтум имаше само 12, а Браун четири поени за 17 минути. Филаделфија ја предводеа Ембиид со 31 поен, односно Харден со 26 поени и 11 асистенции.

Демијан Лилард со 33 поени, 10 скокови и 11 асистенци го предводеше Портланд до победата над шампионите од Сан Франциско. Портланд славеше над Голден стејт со 125:122. Кај гостите блескаа Џордан Пул со 38 и Клеј омпсон со 31 поен.

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај