Утрински Весник
Свет

Иран воведува построги казни за жените кои не носат хиџаб

Иран воведува построги казни за жените кои не носат хиџаб

Иранскиот парламент гласаше за зголемување на казните за жените кои одбиваат да ја покријат косата со марама – „хиџаб“ и за оние кои ги поддржуваат во тоа.

dobivaj vesti na viber

Измените на законот беа усвоени неколку дена по првата годишнина од смртта на 22-годишната Маша Амини, која беше уапсена од полицијата за морал, бидејќи косата ѝ се гледала под шамијата, што го прекрши строгиот исламски закон за женска облека. Нејзината смрт во притвор предизвика повеќемесечни протести во Иран и ширум светот, кои исто така политички ја потресоа иранската теократија.

За време на демонстрациите за смртта на Маша Амини, беа убиени повеќе од 500 демонстранти, а 22.000 беа уапсени.

Законот беше изменет со 70 одредби, а казните сега важат и за сопствениците на продавници доколку им служат на жените кои не носат шамии и на организаторите на протести против носењето „хиџаб“. На прекршителите им се заканува казна до 10 години доколку се организира прекршување на носењето хиџаб.

Во Собранието со 290 пратенички места, за измени на законот гласаа 152 пратеници, а регулативата треба да ја одобри Советот на чувари – свештено тело за уставен надзор. Доколку стапи во сила, законот ќе се применува прелиминарно три години.

Жените сепак пркосно избегнуваат да носат хиџаб, па летово започна кампања за заострување на законот.

Иранските свештенички лидери сметаат дека кодексот на облекување е клучен столб на нивното владеење и ги обвинуваат западните земји за демонстрациите што длабоко ја потресоа Исламската Република без да дадат докази.

Демонстрантите тврдат дека биле мотивирани не само од гневот поради кодексот на облекување, туку и од корупцијата и лошото управување со земјата.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме