Утрински Весник
Свет

Иран се заканува: „Оваа војна е сè или ништо“

Iran 3.jpg

Претседателот на иранскиот парламент, зборувајќи за Ормутскиот теснец, кој е клучен за глобалната трговија со нафта, рече дека безбедноста на теснецот зависи од тоа дали таму ќе има или ќе нема стационирани американски сили.

Иран се заканува дека ќе го спречи извозот на нафта од други земји во регионот ако не може да ја извезува својата поради конфликтот со САД.


„Оваа војна не остава средина, сè е или ништо“, напиша на Х Мохамад Багер Галибаф , претседател на иранскиот парламент и главен преговарач . „Во овој регион, ако не можеме ние да ја продадеме нашата нафта, тогаш никој друг нема да може.“

„Нашата безбедност е предуслов за целата регионална инфраструктура; без неа, ништо не останува безбедно“, додаде тој.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе уништат мост или електрана во Иран секој пат кога Исламската Република ќе отвори оган врз брод во Ормутскиот теснец.

Конфликтот меѓу САД и Иран повторно ескалираше на почетокот на јули околу контролата врз Ормутскиот теснец, откако Иран нападна бродови во теснецот. САД напаѓаа цели во Иран 11 ноќи по ред.

Можете да прочитате

Трамп размислува за напади врз Мали

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва