Утрински Весник
Свет

Иран делумно го ослободи пристапот до интернет, дозволени телефонски разговори со странство

Bigstock Defocus Male Hand Holding Phon 465730213.jpg

Властите во Иран делумно го ослободија пристапот до Интернет и повторно дозволија телефонски разговори со странство, по речиси 50-дневни ограничувања воведени по почетокот на конфликтот со САД и Израел.

Според информациите од Техеран, повторно се дозволени меѓународни повици преку фиксна телефонија, додека повиците преку мобилни телефони остануваат блокирани.


Дел од онлајн-услугите, вклучително и оние на „Google“, повторно се достапни, но функционираат нестабилно.

Иранските власти во голема мера го ограничија пристапот до Интернет на крајот на февруари, дозволувајќи користење само на таканаречениот „национален интернет“ што овозможува пристап исклучиво до одобрени домашни веб-страници. Дел од воените и безбедносните структури задржаа неограничен пристап до Интернет.

Владата во Иран ги правдаше мерките дека се донесени од безбедносни причини, додека одредени аналитичари сметаат дека ограничувањата биле насочени и кон спречување на ширење информации за последиците од војната и за севкупното расположение во земјата.

Од минатата седмица на сила е двонеделно примирје меѓу САД и Иран.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа