Утрински Весник
Свет

Иран ја активирал противвоздушната одбрана над градот Исфахан

20241008102603 Big 730x400 91.webp.webp

Над иранскиот град Исфахан во текот на ноќта биле активирани системите за противвоздушна одбрана, соопшти денеска Револуционерна гарда на Иран.

Неколку експлозии во текот на ноќта предизвикале загриженост за можен израелски напад, пренесе ДПА.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извор во Револуционерната гарда, јави дека системите за противвоздушна одбрана реагирале откако забележале „сјаен објект“.

Според извештајот, тоа не била планирана вежба и немало непријателски контакт. Државното радио го опиша како одбранбен маневар.

Пред нешто помалку од една недела, Исламската револуционерна гарда, елитните воени сили на Иран, истрела околу 200 проектили врз Израел.

Нападот дојде по серијата насочени убиства од страна на Израел на клучните фигури во мрежата на недржавни сојузници на Иран. Израел соопшти дека ќе возврати.

Градот Исфахан, со својата персиско-исламска архитектура, се смета за една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.

Во градот исто така се сместени важни објекти од одбранбената индустрија и нуклеарната програма на земјата.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад