Утрински Весник
Свет

Ирак го отповика својот амбасадор од Техеран

Screenshot 2024 01 16

Ирак денеска го отповика својот амбасадор од Техеран поради нападот од Иран, при кој истрела балистички проектили врз цели во Ирак и Сирија, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство за надворешни работи.

Иран претходно денеска објави дека тоа го направил со цел да ги одбрани својот суверенитет и безбедност, како и да се спротивстави на тероризмот, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува во соопштението на ирачкото Министерство, владата на таа земја ќе ги преземе сите законски мерки, вклучително и поднесување жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации, се додава во соопштението.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека доцна во понеделникот го нападнала израелскиот „шпионски штаб“ во полуавтономниот регион Курдистан во Ирак, покрај извршените напади во Сирија против Исламска држава.

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите