Утрински Весник
Македонија

Џип со швајцарски таблици усмрти велосипедист, по што избега од местото на несреќата

Lenta Policija 4 1.jpg

Вчера во 11.20 часот во СВР Тетово, Џ.М.(44) од с.Џепчиште, Тетовско, пријавил дека на 20.07.2024 во 11.20 часот на кружен тек помеѓу ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „џип“ со швајцарски национални ознаки удрило во велосипед, управуван од неговиот татко З.М.(67) од с.Џепчиште, по што го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово, по што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

По насоки на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчитување на случајот.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ