Утрински Весник
Македонија

(Интервју) Беким Сали не негира: Хаосот во здравството постои

(Интервју) Беким Сали не негира: Хаосот во здравството постои

Во здравството сме се соочувале со разни кризи и проблеми. Но досега успешно сме се справиле во сите фази со ковид-пандемијата, истакна во интервју за „Макфакс“ министерот за здравство Беким Сали.

dobivaj vesti na viber

Тој не негира дека постои хаос во здравствениот систем, а посебно на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„За жал, во целиот хаотичен систем на клиничкиот центар придонесуваат и повремени пропаганди кои се насочени кон демотивирање и давање на комплетно погрешна слика. На скопскиот клинички има хаос затоа што е пренатрупан, а пациентите и вработените се незадоволни. Не може во таков хаос, како што го има на клинички, да бидеме успешен, сигурен и безбеден систем за пациентите“, потенцира првиот човек во здравството.

Се согласува со забелешките нотирани во Извештајот на ЕК, дека во државата постои здравствена нееднаквост.

„Се трудам да бидам максимално објективен и реален без разлика на тоа дали сум најодговорен денес за таквата состојба, но тоа е наследство на нешто на што никој не бил доволно фокусиран“, додава Сали.

Потврдува и дека се соочуваме со недостиг на стручен кадар, а во изминатиот период, како што рече, најголем одлив на кадри сме имале од терцијарното здравство.

Дел од неговите политики, како што нагласува, ќе биде и враќање на услугите во болниците во другите градови. Како што нагласи, хаосот настанува токму поради оптовареноста на клиничкиот центар додека капацитетите во другите градови се многу помалку искористени.

„За жал, ова предолго трае и трпи граѓанинот, но фокусирани сме тоа да се реши“, нагласува Сали.

За проблемите во примарното здравство, за тужбата од италијанската фирма и отплатата на 8,5 милиони евра околу изградбата на новиот клинички центар и слично, во интервју за „Макфакс“ министерот за здравство Беким Сали.

Можете да прочитате

Касами: Лице од Косово го има подметнато пожарот во подрумските простории на општина Тетово

“МИНИ ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА” Периодов ќе имаме значително повисоки температури на воздухот, и до околу 30 степени!

Измамата Conti продолжува, се бара депозит за „парите да бидат спасени“