Утрински Весник
Свет

Индонезија забрани употреба на медицински сирупи по смртта на голем број деца

Индонезија забрани употреба на медицински сирупи по смртта на голем број деца

Индонезија привремено ја забрани употребата на сите медицински сирупи откако смртта на 99 деца оваа година беше поврзана со употреба на одредени сирупи и истрагата за тие случаи е во тек, објави денеска индонезискиот министер за здравство Буди Гунади Садикин.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека одредени сирупи што ги користат децата со акутна бубрежна болест, главно под петгодишна возраст, се сомневаат дека предизвикале смрт на 99 деца, објави Би-би-си.

Тие сирупи содржеле етилен гликол и диетилен гликол, но не требало воопшто или во многу мал процент да ги содржат овие материи, изјави Садикин, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами