Утрински Весник
Магазин

Инструктор од САД со автомобилот се проби низ излогот на автошкола, на зградата има знак: „научи да возиш“

Инструктор од САД со автомобилот се проби низ излогот на автошкола, на зградата има знак: „научи да возиш“

Инструктор за возење од Колорадо пред некој ден со својот автомобил влетал низ прозорецот oд излогот на автошкола.

dobivaj vesti na viber

Локалната полиција објави фотографија на „Твитер“ и наведе дека едно лице се здобило со полесни повреди. Останатите сведоци на бизарната несреќа успеале навреме да побегнат, а инструкторот добил парична казна за сообраќаен прекршок.

Фотографијата покажа дека инструкторот поминал низ ѕидот и скршил голем стаклен прозорец, веднаш под „научи да возиш“ – текст испишан на самата зграда.

Сопственикот на автошколата Стив Роман подоцна за медиумите изјави дека несреќата ја предизвикал нововработен, човек кој само втор ден бил на работа и кој се уште немал добиено потврда.

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање