Утрински Весник
Балкан

Инстаграм профили на независни медиуми во Србија се суспендирани

Mobile.webp.webp

Новинарските здруженија во Србија алармираат дека Инстаграм профилите на неколку независни медиуми биле привремено или трајно затворени поради, како што се сомневаат, синхронизиран електронски напад. Меѓу погодените се профилите на редакцијата „Нова“, неделниот портал „Радар“ и други организации, како CRTA и Београдски синдикат. Според Н1, сметките на „Нова“ биле суспендирани поради ненадеен и вештачки раст на следбеници, што се смета за сериозен безбедносен ризик.

Здруженијата на новинари бараат итна истрага и заштита на медиумите од дигитална саботажа. Студентските организации и опозициските партии реагираа, обвинувајќи го режимот на претседателот Александар Вучиќ за координирани напади и политичка цензура. Европските институции и Meta се повикани да дејствуваат за спречување понатамошни злоупотреби на платформите.

Можете да прочитате

САД го ратификуваа договорот за заем од 302  милиони долари со Албанија

Во Црна Гора нема да се гради прифатен центар за мигранти од земјите на ЕУ

Хорор во Белград: Пронајдена мртва Русинка во куфер, уапсен турски државјанин