Утрински Весник
Економија

ИНРМ со предупредување:Со новиот Закон за енергетика на удар е приватноста на граѓаните

Struja Evn Merilo.jpg

Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) испрати остро предупредување до јавноста и институциите, укажувајќи дека новите законски измени во Законот за енергетика сериозно го нарушуваат правото на приватност и неповредливост на домот на граѓаните.

MK Summit

Според предупредувањето, предлог-законот предвидува овластени лица од операторите на системите за електрична енергија, гас и топлинска енергија да имаат директен пристап до делови од приватниот имот каде се наоѓаат мерните уреди, без судска одлука. Во случај на одбивање, граѓаните ќе се соочуваат со парична казна од 250 евра.


Со ваквите законски решенија, се отвора сериозно прашање за усогласеноста на предвидените одредбите од Законот за енергетика со Уставот. Според член 25 од Уставот, секој граѓанин има загарантирано право на приватност, достоинство и углед, додека член 26 експлицитно гарантира неповредливост на домот, која може да биде ограничена единствено со судска одлука и само во строго определени случаи, како што се откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето. Предвидените законски одредби во Законот за енергетика не исполнуваат ниту еден од овие услови, бидејќи овозможуваат административен пристап до приватниот имот заради технички или комерцијални цели на приватни и странски компании, без било каква судска контрола. Ова претставува сериозно поткопување на уставните вредности и го нарушува начелото на пропорционалност меѓу јавниот интерес и заштитата на приватноста.

Во едно демократско општество, правото на неповредливост на домот не смее да биде предмет на ограничување поради комерцијални или технички причини, особено кога не постои механизам кој обезбедува соодветна правна заштита на граѓанинот.Во таа насока, ги повикуваме пратениците да покажат чувствителност кон ова прашање и да обезбедат во претстојната законска рамка за енергетиката да нема судир со темелните човекови права и слободи. Ова прашање не се однесува само на енергетиката, туку на темелната гаранција дека домот и приватноста на секој граѓанин се неприкосновени, порачуваат од инженерската фела.

Можете да прочитате

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

УЈП до граѓаните: Проверете ја вашата Годишна даночна пријава