Утрински Весник
Спорт

Џинобили, Хардавеј и Кораќ во Куќата на славните

Џинобили, Хардавеј и Кораќ во Куќата на славните
Ss2

Поранешните кошаркарски ѕвезди Ману Џинобили, Тим Хардвеј, Свин Кеш и Линдзи Вејлен влегоа во Куќата на слваните на кошарката во Спрингфилд, Масачусетс, заедно со тренерите Џорџ Карл, Боб Хагинс и Мариен Стенли, како и во интернационалната конкуренција, легендарниот Радивој Кораќ.

dobivaj vesti na viber

Кариерата на Хардавеј, еден од најдобрите кошаркари во 1990-тите, беше одбележана со славната „Ран ТМЦ“ со Голден Стејт вориорс покрј Крис Мален и Мич Ричмонд, како и настапите со Мајами хит покрај Алонзо Морнинг.

Img 5587

Аргентинецот Емануел „Ману“ Џинобили пристигна во НБА во 1999 година со Сан Антонио спарс, со кои осана до 2018 година и освои четири НБА титули покрај Тим Данкан и Тони Паркер.

Радивој Кораќ, пак, беше еден од најдобрите кошаркари во поранешна Југославија, пред трагично да го загуби животот во сообраќајна несреќа во близината на Сараево во 1969 година, кога имаше само 30 гоини. Во 1991 година, тој беше сместен меѓу 50-те најдобри кошаркари во историјата во избор на ФИБА.

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам