Утрински Весник
Економија

Инфлацијата во Турција продолжува да опаѓа

Pad na ekonomija1.jpg

Годишната инфлација во Турција во јануари изнесува 30,65 проценти, што претставува благо намалување во однос на декември и четврти последователен месечен пад, покажуваат официјалните податоци на Турскиот институт за статистика. Според анализите, станува збор за најниско годишно зголемување на потрошувачките цени од ноември 2021 година, а трендот на опаѓање трае речиси две години, со краток прекин во еден месец.

Најголем раст на цените во јануари е забележан во образованието, каде инфлацијата достигна 64,7 проценти, потоа во домувањето со 45,36 проценти и во хотелите, кафулињата и рестораните со 33,31 процент. Најмал пораст е регистриран кај облеката и обувките, со 7,07 проценти, додека комуникациите и здравствените услуги бележат умерен раст. На месечно ниво, потрошувачките цени во јануари пораснале за 4,84 проценти.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра