Утрински Весник
Спорт

Инфантино: Нема повеќе мали и големи репрезентации

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Ss2

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека групната фаза на Светското првенство во Катар е „најдобрата во историјата“ на Мундијалите. Инфантино за официјалниот сајт на ФИФА изјави дека неуспесите на големите репрезентации и бројот на селекции кои напредуваат укажуваат на тоа дека фудбалот станува глобален.

dobivaj vesti na viber

Џани Инфантино истакна дека повеќе од две милијарди гледачи ги следеле натпреварите од групната фаза на 22. Светско првенство.

300x250 (7)

„Фантастична атмосфера, одлични голови, неверојатни возбудувања, изненадувања, мали тимови победуваат големи тимови. Сега веќе нема мали и големи тимови. Нивото е многу, многу изедначено. И за прв пат репрезентациите од сите континенти влегоа во нокаут фазата, за прв пат во историјата. Тоа покажува дека фудбалот навистина станува глобален“, рече Инфантино.

СП 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а на овој Мундијал ќе учествуваат 48 репрезентации.

Инфантино истакна дека е воодушевен од бројот на навивачи на стадионите и фан зоните во Катар.

„Се надевам дека Светското првенство во Катар ќе заврши како што започна – со фантастичен успех. Верувам дека ова Светско првенство ќе достигне гледаност од пет милијарди луѓе ширум светот. Стадионите се распродадени и полни на секој натпревар. На крајот, едноставно сакаме да им донесеме малку радост и насмевки на луѓето ширум светот. Тоа е фудбалот, тоа е Светското првенство“, заклучи Инфантино.

Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина