Утрински Весник
Спорт

Инфантино и ФИФА го поддржаа Винисиус Жуниор

Инфантино и ФИФА го поддржаа Винисиус Жуниор
Img 5587

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по којзнае кој пат сезонава беше на мета на расисти. Вчера, влезе во клинч со навивачите на Валенсија. По натпреварот Винисиус изјави дека Шпанија е земја на расисти и дека Ла Лига е расистичко опкружување.

dobivaj vesti na viber

За време на натпреварот, Бразилецот покажа кон навивачите кои го навредуваа од трибините на „Местаља“, што доведе до расправија со играчите на Валенсија. Натпреварот неколку минути беше во прекин, а откако продолжи тензиите не се смирија. Бразилецот потоа влезе во конфликт со фудбалерите на Валенсија, му удри шамар на Уго Дуро поради што доби црвен картон.

300x250 (7)

Во врска со овој тежок инцидент се огласи и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

„Јас се солидаризирам со Винисиус. Во фудбалот и во општеството воопшто нема место за расизам, а ФИФА стои на страна на играчите во такви ситуации. Дека мора да биде така покажуваат и настаните на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал. Затоа имаме строги процедури во три чекори во ФИФА и се препорачува тие да се применуваат на сите нивоа во фудбалот“, изјави Инфантино.

„Прво, прекинете го натпреварот и јасно ставите им до знаење на сите дека такво однесување нема да се толерира. Второ, играчите го напуштаат теренот и спикерот ги известува навивачите дека натпреварот ќе биде прекинат доколку продолжат навредите. Натпреварот потоа продолжува и како трет чекор, доколку продолжат навредите, натпреварот се прекинува и три бода одат за тимот чиј играч е жртва на расизам“, објасни Инфантино.

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим