Утрински Весник
Свет

Индискиот премиер вети правда по експлозијата на автомобил во Њу Делхи

20251110163606 big 730x400 38.webp.webp

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека нема да бидат поштедени одговорните за вчерашната експлозија на автомобил во Њу Делхи и ќе тие бидат изведени пред лицето на правдата.

Моди, кој моментално е во дводневна посета на Бутан, рече дека во текот на ноќта ја следел ситуацијата и дека е во постојан контакт со сите истражни агенции што работат на случајот, објави „Тајмс оф Индија“.


„Денеска доаѓам тука со многу тешко срце. Ужасниот инцидент што се случи во Њу Делхи синоќа длабоко ги растажи сите. Ја разбирам тагата на погодените семејства. Целата нација денеска е со нив“, рече индискиот премиер.

Министерот за одбрана Раџнат Синг, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите и вети „брза и темелна“ истрага.

„Резултатите од истрагата наскоро ќе бидат објавени и сите одговорни ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Синг на Дијалогот за одбрана во Њу Делхи.

Осум лица беа убиени, а 20 повредени вчера во експлозија на автомобил во близина на Црвената тврдина во Њу Делхи. Индиската полиција го идентификуваше и уапси сопственикот на автомобилот што експлодираше.

Можете да прочитате

Европратеници го тужат Европскиот парламент поради блокада на истрага за набавката на антиковид вакцини во ЕУ 

Германија: Уапсен маж што повикувал на убиства на политичари преку „даркнет“

Руската ФСБ спречила украинско-британски заговор за кражба на „МиГ-31“